500 помагала за слепи лица
800 илјади денари издвои министерството за труд и социјална политика за овие помагала кои ќе им го олеснат животот на слепите лица...

Говорни топломери, апарати за мерење крвен притисок, браеви часовници, ваги за домаќинство - 500 технички помагала за слепите лица.
800 илјади денари издвои министерството за труд и социјална политика за овие помагала кои ќе им го олеснат животот на слепите лица.
„Многу малку од нас се запарашуваат како слепите лица дознаваат колку е часот или како ја мерат грамажата во сопствените кујни и како го мерат својот крвен притисок или телесна температура кога не се чувствуваат добро, токму поради тоа ги набавивме овие помагала“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Во националниот Сојуз на слепи лица се задоволни од донацијата. Велат – ова е од големо значење бидејќи слепите лица ќе можат самостојно да ги користат.
„Со голема соработка ќе продолжиме и понатака да набавуваме вакви помагала кои што се од огромно значење за нашите членови за подобрување на секојдневниот живот“, истакна претседателот на Сојузот на слепи лица, Жарко Селковски.
Планирано е до септември да се отвори дневен центар за слепи деца. Започната е постапка за снимање на повеќе од 400 аудио- книги кои ќе им го олеснат секојдневието. 2.500-тини потполно слепи лица веќе добиваат додаток од 7.000 денари.
Андријана Атанасовска
