Брисел

Трактори ја блокираа европската престолнина

26.02.2024 14:45

Полицијата употреби водни топови за да ги смири демонстрантите кои палеа гуми и фрлаа димни бомби.

Хаос во Брисел. Конвој трактори ја блокираше европската престолнина. Земјоделците одново на протест против зелената политика на ЕУ. Полицијата употреби водни топови за да ги смири демонстрантите кои палеа гуми и фрлаа димни бомби.

„Се грижиме за нашата иднина. Цените се многу нестабилни, така што навистина не знаеме како да инвестираме. За нас е малку комплицирано.“

„Време е ЕУ да го земе предвид земјоделскиот свет. Се разбира, треба да има транзиција, тоа е нормално. Ние сме подготвени, но транзицијата не може да биде само за да се задоволат неколку привилегирани урбани екологисти во канцелариите“, велат фармерите.

Земјоделците бараат повисоки цени на земјоделските производи, финансиска помош за зелената транзиција и прекин на договорите за слободна трговија во момент кога министрите за земјоделство на ЕУ разговараат за кризата во овој сектор.

Протести на земјоделци се одржуваат во Франција, Холандија, Шпанија и Бугарија.