Македонија

Грчките земјоделци неколку часа ги блокираа Евозни и Никити кон земјава

26.02.2024 14:51

Грчките земјоделците денеска неколку часа ги блокираа граничните премини Евзони и Никити кон земјава. Македонските служби за време на блокадата сообраќајот го пренасочуваа кон Дојран. Не се исклучува можноста блокадите на Евозни и Никити да продолжат и наредните денови …

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција, денеска, на неколку часа ги блокираа граничните премини Евзони - Богородица кај Гевгелија и Ники - Меџитлија кај Битола. Не се исклучува можноста протестите и блокадите да продолжат и наредните денови бидејќи е погласно е незадоволството на земјоделците од актуелните политики кај јужниот сосед.

Земјоделците со трактори и комбајни го блокираа Евзони од каде уште еднаш тие упатија барања до премиерот и грчката влада за намалување на данокот заради зголемените земјоделски трошоци. Бараат носење земјоделски политики кои ќе дадат олеснувања и поголема поддршка на земјоделците.

Земјоделците веќе над еден месец се активни во цела Грција и бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство. На средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред речиси две седмици им беа соопштени дополнителни мерки, тие изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина. Паралелно револтот доаѓа што во Брисел министрите за земјоделство на ЕУ дискутираат за нови заеднички земјоделски политики од кои очекуваат поголема поддршка.

 

Ване Трајков