Избори

Колкава ќе биде излезноста на претстојните избори?

26.02.2024 14:56

Македонија одбројува до седмите претседателски и единаесеттите парламентарни избори. Согласно избирачкиот список заклучно со декември, право на глас имаат 1.798.110 граѓани. А колкава ќе биде излезноста и каков ќе биде исходот од гласањето, се двете главни прашања со кои македонската јавност ќе се занимава се до изборниот ден.

Македонија одбројува до седмите претседателски и единаесеттите парламентарни избори. Согласно избирачкиот список заклучно со декември, право на глас имаат 1.798.110 граѓани. А колкава ќе биде излезноста и каков ќе биде исходот од гласањето, се двете главни прашања со кои македонската јавност ќе се занимава се до изборниот ден.

На последните предвремени парламентарни избори во 2020-та година, излезноста беше 49, 24%, односно од регистрирани 1.761.149 гласачи, правото на глас го оствариле 867,107 лица. Највисока излезност од 59, 98% имаше во изборна единица 4, а најмала од 32, 7% во изборна единица 6.

Една година претходно, се одржаа и претседателските избори. На нив, во рамките на вториот финален круг, излезноста беше 46, 65%, односно од 1.808.131 гласач, правото на глас го оствариле 843.508 граѓани.

На парламентарните избори во 2016-та пак, регистрирана е една од најголемите стапки на излезност од дури 67, 11%, односно од регистрирани 1.761.490 гласачи, правото на глас го искористиле 1.182.143 лица. Излезноста во сите изборни едници во Македонија беше над 50%. Идентично како на изборите во 2020 та, и во 2015 та, најголема излезност од 74,65% имаше во изборна единица 4, а најмала во изборна единица 6.

Во 2014-та се одржаа и петтите по ред претседателски избори во Македонија, заедно со предвремените парламентарни. Излезноста во вториот круг на претседателските избори беше 54,36%, а на парламентарните 63%.

Изборите годинава се организираат во услови во кои голем дел од граѓаните се останати без важечки документи за лична идентификација, а вадењето на новите со променетото уставно име се одвива бавно. Затоа, беа направени законски измени со кои и старите лични карти, но со важечки датум, ќе може да се користат за идентификација на гласачите. Од Државната изборна комисија предлагаат исти законски измени и во однос на пасошите.

 

 

Марија Котовска