Свет
Унгарија го одобри влезот на Шведска во НАТО
26.02.2024 18:55
Нордиската земја сега има отворен пат за пристапување во Алијансата, по речиси две години интензивни преговори...

Унгарскиот парламент со големо мнозинство ја одобри кандидатурата на Шведска за влез во НАТО. Нордиската земја сега има отворен пат за пристапување во Алијансата, по речиси две години интензивни преговори.
Финска и се приклучи на Алијансата изминатата година, но кандидатурата на Шведска беше задржана поради противењето на Унгарија и Турција. Шведска официјално ќе се стане 32-ра членка на Алијансата откако ќе го поднесе инструментот за пристапување до САД.
