Свет

Почина американскиот војник кој се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон

26.02.2024 19:50

Американски официјален претставник ја потврди смртта на 25-годишниот војник...

Американскиот воен пилот Арон Бушнел, кој вчера се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, им подлегнал на повредите. Американски официјален претставник ја потврди смртта на 25-годишниот војник.

Американските медиуми, претходно објавија дека Бушнел пренесувал сè во живо на платформата Твич, говорејќи дека „нема да биде соучесник во геноцидот“, по што се полил со течност, а потоа се самозапалил извикувајќи „Слободна Палестина“, додека не паднал на земја.

Бушнел бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба.