Македонија
Османи ги собра потребните потписи за кандидатура за претседател
26.02.2024 20:13
Османи најави дека во изборната трка ќе влезе со најголема сериозност и повика на позитивна кампања и натпревар со идеи и дела...

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на Фејсбук објави дека ги собрал потребните 10 илјади потписи за кандидат за претседател.
Најави дека во изборната трка ќе влезе со најголема сериозност и повика на позитивна кампања и натпревар со идеи и дела.
Според Државната изборна комисија по него се Димитриевски, Ванковска и Јакимовски.
Фото: Фејсбук
