Скопје

Убиство кај скопско Блаце

26.02.2024 20:57

Вечерва на патот Горно Блаце – Долно Блаце бил пронајден 56 годишен скопјанец со прострелни рани од огнено оружје кој подлегнал на повредите...

Вечерва на патот Горно Блаце – Долно Блаце бил пронајден 56-годишен скопјанец со прострелни рани од огнено оружје, кој подлегнал на повредите. Од полицијата го потврдија убиството.

„Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Според неофицијални и непотврдени информации, убиениот е татко на Гани Туша, осомничен за убиството на Орхан Бајрами Оки, еден од водачите на Дуќанџик, што се случи во Грција. Туша е осомничен и за други кривични дела и во моментов  во притвор во затворот во Шутка.