ВИНАРИИ

Интервентна финансиска помош во лозарството

27.02.2024 08:11

Винариите кои имаат сопствен насад со винско грозје можат да аплицираат за субвенција од еден денар по килограм. Барањата се поднесуваат до Платежната агенција до крајот на овој месец. Парите се обезбедени од интервентниот фонд...

Винариите можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад што го преработиле во сопствените капацитети за производство на вино. Парите се обезбедени преку Програмата за интервентен фонд за земјоделството за 2024 година.

Корисници се производители на вино кои се запишани во Регистар.

Висината на поддршката изнесува 1 денар по килограм откупено и произведено винско грозје од сопствен насад од реколтата 2023 година. Максималниот износ по еден корисник е најмногу до 6 милиони денари.

Барањата се поднесуваат до Платежната агенцијата на рачно пополнет образец, заедно со потврда за откупено или изјава за произведено винско грозје.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 29-ти февруари 2024 година. Барањето, потврдата и изјавата може да се преземат од веб-страната на Агенцијата.

Интервентниот фонд е наменет за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последиците предизвикани од зголемувањето на трошоците за производство на земјоделски култури.

Обезбедените средства за реализација на оваа програма изнесуваат 300 милиони денари.

 

Методија Трајков