мвр
135 санкционирани возачи во Скопје
27.02.2024 08:16
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 мерки за користење на мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
