Белград- Приштина

Српскиот динар во Косово глава тема на дијалогот меѓу Белград и Приштина

27.02.2024 09:27

Главна тема е неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото.

Нова рунда од дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел. Главна тема е неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото. Централната банка во Приштина на крајот на декември реши да ги забрани трансакциите во српски динари, на што Србија остро се спротивстави.

ЕУ оцени дека ќе беше посоодветно пред да биде донесена одлуката да се разговара во рамки на дијалогот за да се најде практично решение и побара воведување преоден период за стапување во сила на мерката. Состанокот во Брисел е на покана од специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак.