Ред Бул фаворит за трофејот пред стартот на новата Ф1 сезона
27.02.2024 09:43
Рангирањето е направено по претсезонските тестови одржани викендот во Бахреин...
Порталот „The Race“ го именуваше тимот на Ред Бул за главен фаворит за шампионскиот трофеј пред почетокот на новата сезона во Формула 1. Рангирањето е направено по претсезонските тестови одржани викендот во Бахреин.
Порталот се потпира на своите набљудувања на патеката, анализа на долги растојанија, дискусии со возачи и други учесници во Ф1.
Лидер на листата е Ред Бул, додека Ферари е прогласен за клучен ривал на шампионот. Следуваат Мерцедес, Мекларен, Астон Мартин, РБ, Вилијамс, Заубер, Алпин и Хаас.
Фото: The Race