Засилени безбедносни мерки за самитот Украина – Југоисточна Европа
Над 1.500 полициски сили се ангажирани за одржување на редот и безбедноста, а дополнително на терен се и службеници за антитероризмот, за експлозивни направи, единицата за брзо распоредување...

Засилени безбедносни мерки во Тирана пред посетата на украинскиот претседател Зеленски за самитот Украина – Југоисточна Европа. Над 1.500 полициски сили се ангажирани за одржување на редот и безбедноста, а дополнително на терен се и службеници за антитероризмот, за експлозивни направи, единицата за брзо распоредување, националната гарда и тајните служби.
Пристигнати се и странски експерти задолжени за безбедноста на украинскиот претседател Зеленски.
На дводневниот самит што почнува утре најавено е учество на 13 европски лидери, вклучително и шестмината од Западен Балкан, како и претставник на ЕУ.
