Европски партии: СДСМ да се врати на работа и прашањата да ги решава преку дијалог
СДСМ да се врати на работа и проблемите да ги решава преку дијалог – ова е апелот на политичките партии од Европскиот парламент. И левицата и десницата се едногласни-бојкотирањето на институциите е нездраво за демократијата...

Во Европскиот парламент каде се подготвува конститутивната сесија во Стразбур, нашето прашање го поставивме директно до политичките групи. Еве ги писмените одговори кои ги добивме од нив.
„Нашата група ги поддржува изјавите на еврокомесарот Филе, кој ја повикува опозицијата да се вклучи во работата на Собранието“- се вели во одговорот на групата на Европските социјалисти и демократи.
„Ова ќе биде најдобар начин за решавање на проблемите и да се придонесе за реформите кои се неопходни за земјата. СДСМ е нашата сестринска партија и ние им пружаме солидарност со предизвиците со кои се соочуваат во нивната домашната политика. Но ние признаваме дека културата на бојкоти и дезангажирање од страна на една партија во која било од нашите земји-партнери, риизикува да биде контрапродуктивна и да го минира демократскиот процес“.
Групата на социјалистите и демократите тука забележува дека известувавчот за наштата земја Ричар Ховит, ја одобрува оваа декларација, откако претходно помогна за склучувањето на 1 мартовскиот договор, со кој заврши претходниот бојкот на Парламентот. Понатаму во одговорот се вели дека тие се согласуваат со СДСМ дека изборните нерегуларности, кои се сметаат како причина за бојкото треба да се проучат. Овие нерегуларности беа подвлечени од страна на ОБСЕ и заедничката изјава на делегацијата на ЕУ и на амбасадата на САД.
Групата на Народните партии го привелигира политичкиот дијалог како средство за решавање на политичките разлики. Бојкотирањето на Парламентот може да има негативни последици за политчкиот процес во земјата. Се вели во одговорот од најголемата политичка група на Европскиот парламент.
„Ние им советуваме на главните политички актери да воспостават конструктивен политички дијалог и да осигураат коректно функционирање на демократските институции на земјата“- завршува коментарот на Народните парти.
Од групата на Зелените и Слободната европска алијанса ни беше одговроено дека тие засега не се во мерка да реагираат, бидејќи по европските избори во нивната група повеќе немаат пратеник кој го следи македонското прашање.
Во очекување да се конституира новиот Европк парламент, Република Македонија ќе се најде на дневниот ред на ПССЕ на крајот од овој месец во Стразбур.
Тони Гламчевски
