ОЈО проверува поврзаност помеѓу пожарот во објектот во Чаир и убиството кај Блаце
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, увид извршила увидна екипа на МВР.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани.
При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази.
Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, увид извршила увидна екипа на МВР. Подигнати се траги од самото место, обезбедени се снимки од видеонадзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани.
