САД-Тексас
Тексас продолжува да ја гради бариерата на границата со Мексико
27.02.2024 10:51
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, соопшти дека Националната гарда продолжува да ја гради бариерата на границата меѓу САД и Мексико...

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, соопшти дека Националната гарда продолжува да ја гради бариерата на границата меѓу САД и Мексико.
Целта е да се оневозможи нелегалниот влез на мигрантите. Во последните месеци голем број илегални мигранти се обидоа да влезат во САД преку мексиканската граница, што предизвика спор меѓу Тексас и федералните власти во Вашингтон.
Кон крајот на јануари, Врховниот суд на САД реши да им дозволи на агентите на американската гранична патрола да ја отстранат жичената бариера што властите во Тексас ја поставија долж границата со Мексико.
