Црвено Море

Фрегата на грчката воена морнарица отплови кон Црвеното Море

27.02.2024 11:39

Фрегата на грчката воена морнарица отплови кон Црвеното море во рамки на европската операција „Аспидес“...

Фрегата на грчката воена морнарица отплови кон Црвеното море во рамки на европската операција „Аспидес“. Целта на мисијата е заштита на трговските бродови од нападите на јеменските Хути. Неколку трговски бродови во грчка сопственост беа мета на милитантите Хути, а пристаништето Пиреја бележи остар пад на активноста бидејќи комерцијалните бродски рути се поместија поради нападите. Германија, Италија и Франција исто така ќе обезбедат воени бродови за мисијата.

Како што знаете, безбедносната ситуација во Црвеното Море и Аденскиот Залив е влошена. Имаме сериозна закана за стабилноста и безбедноста во глобала, и особено за грчката економија. Учеството на фрегатата Хидра во горенаведената операција заедно со преземањето на командата на оперативниот штаб од страна на Грција со грчки командант првенствено им служи на нашите национални интереси“, изјави Никос Дендиас, министер за одбрана на Грција.