Голема кашлица
И вакцинирани возрасни заболуваат, дали треба вакцина?
27.02.2024 12:53
Загрижуваат бројките што и возрасните заболуваат од голема кашлица. Зошто, ако се смета дека тие се вакцинирани. Отвора ли ова прашање за вакцинација на возрасните?

Возрасните лесно би ја поминале големата кашлица, освен ако нема некои компликации. Големата кашлица кај големите е уште поголем проблем за доенчињата. Појавата на пертусис кај возрасните отвори прашање зошто ги опфаќа кога еднаш се вакцинирале. Имунолошкиот статус има одреден период на заштита.
Дали треба да се вакцинираат возрасните?
Европските практики покажуваат востановено вакцинирање на трудниците, пред сè, за да се заштитат идните доенчиња.
Во земјава се 67 случаи на голема кашлица, кај бебе од еден месец па до 47-годишна возраст.
Елизабета Митреска
