Македонија

Последното убиство не е само обична пресметка меѓу кланови, туку крвна одмазда-велат аналитичарите

27.02.2024 13:38

Убиството на 56-годшниот маж, татко на обвинетиот за убиство на Орхан Бајрами кој е во затвор, не е само обична пресметка меѓу кланови, туку се издига на поопасно ниво на крвна одмазда-велат аналитичарите од областа на безбедноста...

Скопското обвинителство изврши увид во близина на Блаце, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. Земени се примероци кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото. Ќе се извршат проверки за да се преземат дејствија за обезбедување на докази. Од Обвинителството информираа дека се проверува поврзаност на инцидентот со пожарот во угостителскиот објект во Чаир.

Убиството на 56-годшниот маж, татко на обвинетиот за убиство на Орхан Бајрами кој е во затвор, не е само обична пресметка меѓу кланови, туку се издига на поопасно ниво на крвна одмазда-велат аналитичарите од областа на безбедноста. Со Љубомир Гучевски разговара Фиљана Кока.