Македонија

Средба Демири- Бомгартнер

27.02.2024 13:55

Франција е голем поддржувач на Северна Македонија во едукација и искуства за зајакнување на здравствениот сектор …

Министерот за здравство Демири денеска оствари прва официјална средба со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер, на којашто се дискутираше за актуелните предизвици, за реформите, но и за активностите што е предвидено да се преземат во следниот период во јавното здравство.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, Демири, го информираше францускиот амбасадор Бомгартнер за здравствените политики што се имплементираат во здравствениот сектор и разговараа за ЕУ перспективата на земјава.

На средбата, беше истакната традиционалната добра соработка меѓу Северна Македонија и Франција со оглед на големиот број на лекари и професори што се едуцирале во Франција.

Посебен акцент беше ставен на размената на искуствата помеѓу двете земји, со цел зајакнување на здравствениот сектор, како и зголемување на присуството на Франција не само во Македонија, туку и во сите земји од Западен Балкан.