Различни гледишта како да се избира претседателот на државата
Интегративците ја заоструваат реториката – изборот на шеф на државата во Собрание со двотретинско мнозинство и Бадентер го поставуваат како услов за идните коалицирања за формирање влада. Барањето не е ново, но нема да го поддржат, велат од „Бихачка“. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјасни дека е против избор на шеф на државата во Собранието...

Заладува коалициската љубов меѓу ДУИ и СДСМ поради различните гледишта како да се избира претседателот на државата. Интегративците ја заоструваат реториката – изборот на шеф на државата во Собрание со двотретинско мнозинство и Бадентер го поставуваат како услов за идните коалицирања за формирање влада. За нив, тоа е прогресивна идеа што ќе ни заштеди 20-ина милиони евра.
Социјалдемократите смирено одговараат – со ДУИ делиме европски вредности, затоа сме во коалиција. Барањето не е ново, но нема да го поддржат, велат од „Бихачка“.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјасни дека е против избор на шеф на државата во Собранието. Според нив, моделот кој ДУИ го бара е непродуктивен, а таму каде што го има, произведува повеќе проблеми со меѓупартиските договарања наместо да се врши директен избор од граѓаните.
Миле Ристески
