Енергетика

Регулаторна ја крои цената на парното, ќе ја соопшти наскоро

27.02.2024 15:07

Енергетските компании веќе доставиле барања до Регулаторна, и сега се прават пресметки кои од барањата се прифатливи. Последниот збор за новата пониска или повисока цена на парното, сепак ќе го има регулаторот...

Се подготвува новата цена на парното греење. Енергетските компании веќе доставиле барања до Регулаторна, и сега се прават пресметки кои од барањата се прифатливи.

Последниот збор за новата пониска или повисока цена на парното, сепак ќе го има регулаторот.

И додека регулаторите калкулираат, надеж дека ќе има поевтинување внесува пониската цена на природниот гас на светските берзи.

Претходно, парното поскапе за 4,51%, па така сметките од 1.800 денари пораснаа за 80 денари. Градско парно користат над 60.000 домаќинства, најмногу приклучени има на „ЕСМ“, поранешно „БЕГ“, додека најмалку на топланата „Скопје-Север“ која има нов сопственик откако беше продадена за 350.000 евра.

Борис Грујоски