Русија

Нобеловецот за мир, Олег Орлов осуден на 30 месеци затвор

27.02.2024 19:22

Орлов случајот против него го нарече политички мотивиран, велејќи дека не жали и не се кае за ништо. Орлов е директно приведен и со лисици изнесен од судницата.

Олег Орлов, 70-годишниот нобеловец за мир осуден на 30 месеци затвор во Русија поради „постојано дискредитирање“ на руската армија, во напис каде што ја осудува инвазијата на Москва врз Украина. Случајот против него го нарече политички мотивиран, велејќи дека не жали и не се кае за ништо. Орлов е директно приведен и со лисици изнесен од судницата.

Првично, тој беше казнет со 150.000 рубљи, но по жалба од Обвинителството за построга казна, судот реши да го затвори. Одлуката осудена од неколку западни дипломати, како и американската амбасадорка во Москва Лин Трејси.