Договорот неизвесен, САД оптимисти
Оптимизам на претседателот Бајден дека можниот договор за прекин на огнот во Газа би можел да се случи до крајот на неделава.

Израел, Хамас и Катар предупредија за оптимизмот на претседателот Бајден дека можниот договор за прекин на огнот во Газа би можел да се случи до крајот на неделава.
„Силно притискаме за да се реализираат предлозите што беа изнесени и договорот што се случи во Париз. Остануваме оптимисти за исходот од ова посредување, но во моментов нема посебен развој што може да биде објавен“, изјави Мајед Ал-Ансари - портпарол на Министерството за надворешни работи на Катар.
Од Вашингтон остануваат на ставот дека договор е можен во скоро време, но за тоа ќе мора да одлучи Хамас.
„Тоа што го поткрепува оптимизмот на претседателот е гледањето на широките контури на договорот. Притискаме за да финишираме, но на крајот дел од ова се сведува на Хамас-дали е подготвен да се согласи на договор кој обезбедува значителни придобивки за палестинскиот народ за кој тие тврдат дека го претставуваат“, изјави Метју Милер – портпарол на Стејт департментот.
Посредниците со недели бараат мировна формула што би можела да ја запре разорната офанзива, овој пат пред светиот муслимански месец Рамазан. Во истовреме не запираат нападите меѓу Израел и Хамас. И Хезболах продолжува со рекетирања.
Франција, Јордан и Египет доставуваат помош од воздух. И САД најавија дека ќе испратат хуманитарна помош од уште 53 милиони долари за Палестинците во Газа.
