Украинската армија се повлече од уште две села во близина на Авдевка
Украинската армија се повлече од уште две села во близина на Авдеевка и ги зајакна одбранбените позиции западно од градот. Украинскиот претседател Зеленски пристигна во Тирана на дводневниот Самит „Украина-југоисточна Европа“...

Украинската армија се повлече од уште две села во близина на Авдеевка и ги зајакна одбранбените позиции западно од градот, додека руската офанзива продолжува. Во недостиг на муниција, САД се обидуваат да го убедат конгресот за неопходната помош за Украина. Претседателот Бајден во Белата куќа на средба со конгресмените.
„Не можеме да си дозволиме да чекаме еден месец или два, затоа што најверојатно би ја изгубиле војната, НАТО во најдобар случај би се распаднал, а сојузниците би се одвратиле од САД“, изјави Чак Шумер - лидер на мнозинството во Сенатот.
„Мора да се грижиме прво за потребите на Америка, а тоа е нашата отворена граница“, рече Мајк Џонсон – претседател на домот.
Украинскиот претседател Зеленски пристигна во Тирана на дводневниот Самит „Украина-југоисточна Европа“ на кој се очекува негово обраќање. Ова е клучен момент за подобрување на билатералните односи и солидарноста со Украина во нејзината херојска борба – напиша шефот на албанската дипломатија Хасани. На Самитот ќе бидат присутни и лидерите на повеќе земји од западен Балкан, меѓу кои и македонскиот претседател Пендаровски.
