Мексико

Убиени двајца кандидати за градоначалник во Мексико

28.02.2024 09:11

Двајца кандидати за градоначалник се убиени во своите автомобили во мексиканскиот град Мараваито за само неколку часа.

Двајца кандидати за градоначалник се убиени во своите автомобили во мексиканскиот град Мараваито за само неколку часа. Kукавички чин и недостиг на безбедност-коментираат нивните сопартијци.

Проширената контрола врз наркокартелите претставува сериозна закана за претстојните парламентарни избори закажани на 2-ри јуни годинава, додека предизборната кампања официјално почнува в петок, на 1-ви март.