Koшарка

Кливленд Кавалирс славеа победа над Далас

28.02.2024 11:05

Блескаа најголемите ѕвезди на двата тима, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кај Далас, односно Донован Мичел кај Кливленд, но натпреварот го обележа Макс Струс...

Кливленд Кавалирс славеа победа над Далас Маверикс 121:119. Блескаа најголемите ѕвезди на двата тима, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кај Далас, односно Донован Мичел кај Кливленд, но натпреварот го обележа Макс Струс. Струс во финишот на натпреварот погоди четири тројки за само 67 секунди, а со звукот на сирената погоди од 20 метри.

Струс натпреварот го заврши со 21 поен, постигна седум тројки од 10 обиди.

Во целост ги засени најголемите ѕвезди: Донован Мичел за Кливленд уфрли 31 поен, на спротивната страна Лука Дончиќ забележа 45 поени, девет скока и 14 асистенции, а Кајри Ирвинг постигна 30 поени.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: / Youtube