Сообраќајна несреќа
Утрово тешка сообраќајка кај Росоман со три повредени лица
28.02.2024 12:33
Утрово на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна несреќа, судар на два автомобили, во кој две лица се со тешки повреди а едно минало со полесни повреди. Сообраќајот бил во прекин два часа.

Утрово во близина на селото Манастирец, на регионалниот пат Кавадарци – Росоман се случила сообраќајна несреќа во која учествувал две возила.
При спасувањето на повредените интервенирале и кавадаречките пожарникари. Трите повредени лица биле пренесени и згрижени во Општа болница Кавадарци.
Поради сообраќајката, регионалниот пат Кавадарци – Росоман утрово бил затворен за сообраќај до 6,45 до 9 часот.
Петар Печков
