Собрание

Предлог-законот за продолжување на важноста на патните исправи пред пратениците во Собранието

28.02.2024 13:18

На дневен ред е предвидено и гласање за уште еден член на Државната изборна комисија...

Во Собранието денеска пред пратениците се очекува да се најде Предлог-законот кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на патните исправи. На дневен ред е предвидено и гласање за уште еден член на Државната изборна комисија. Дали пратениците ќе гласаат за важноста на пасошите, од Собранието известува Миле Ристески.