Каков ден?!
Кој ќе се одважаше да каже дека Шпанија може да прими 5 подоци во воведното преставување на светското во Бразил. Далеку од тоа дека па некој ќе се одважеше да ги поцени холанѓаните. Ама и тие ниту на сон не мислеа на дебакл од своја страна против евроскиот и светски тим број еден. Меч за сеирџии, меч за кинење живци, меч за радост, секој се пронајде во синоќешниот натпревар на денот.

Кој ќе се одважаше да каже дека Шпанија може да прими 5 подоци во воведното преставување на светското во Бразил. Далеку од тоа дека па некој ќе се одважеше да ги поцени холанѓаните. Ама и тие ниту на сон не мислеа на дебакл од своја страна против евроскиот и светски тим број еден. Меч за сеирџии, меч за кинење живци, меч за радост, секој се пронајде во синоќешниот натпревар на денот.
Отворија како по сите теории за тоа како и кој е главен на мечот Шпанија-Холандија, шпанците. 27 минута погодок на Алонсо од белата точка, од сомнителниот досуден пенал, 1:0 за Шанија. И потоа, следно, најава на шокот. На крајот на првиот дел Ван Перси убаво со глава за 1:1.
Влезот во вториот дел беше влез во друга димензија. Робен најавува пресврт. Де Фреј веќе по 20 минути и носи на Холандија предност од солидни како за против Шпанија 3:1, но со напомена, погодок, на кој му предходеше фаул над Касиљас . Следното беше во збунетиот шпански состав, овојпат кардиналната грешка на најискусниот, Касиљас и веќе со вториот гол на Ван Перси доаѓа понижувачко холандско водстство од 4:1. Ѕвездите на Холандија во целост си ја оправдаа улогата. Робен уте еднаш ја демострира сојата квалитативна моќ, за подигнување на и малку колебливиот момент ако постоел во Холандските редови, па и народ, за тоа какви се мундијалските можности, Шпанија 1, Холандија 5, за чиста петка како треба да се игра. Ако газиш, гази до крај, па кој сака нека е од спротива.
Што им останува на шпанците, освен констатации од типот на онаа на Чави.-”Ова е можеби најтешкиот пораз во нашите кариери, со Чиле ќе биде дуел на ”живот или смрт”.
Популарната шпанска ”тика-така”, сега може да им послужи како очукување на часовник за времето кое може би ги јаде, или потстик да се соземат.
Сепак е тоа Шпанија, која веројатно секој искрен љубител на фудбал сака да мисли дека синојќа тоа не беше вистинското од нив. Кај големите тимови и играчи во кој сака спорт нека е, лутината и гневот треба да го донесе успехот.
Им следи на шапнците сега борба за место во групата Б кое би значело подолг престој во Бразил, кое нема да биде лесно да се брка преку Чиле. Но, повторно, ниту на Чиле нема да им биде лесно, треба да се игра против ”разјарен бик“.
Чиле пак вчера ги оправда очекувањата. Беше подобриот тим во дуелот со аутсајдерот во групата Б, Австралија 3:1.Тоа беше натпревар во кој се знаеше кој го води главниот збор. Брзо водство од 2:0 направија чилеанците во 12-тата и 14-тата минута од натпреварот преку Суарез и Валдивија. Кејхил ја држеше малата, ама само резултатски напнатост, со 2:1 со погодокот во 35-тата минута. За судиските плус минути за крај на мечот го дадат конечниот резултат Чиле-Австралија 3:1, за комплетирање на првото коло во Б групата.
Целина доби и првата рунда во А групата, каде Мексико славеше над Камерун со 1:0, во натпревар во кој повторно и тука судиите не беа на нивото на задачата, а уште помалку на настанот. Поништени беа два регуларни гола на Мексиканците.
