Барселона до април ќе одлучи кој ќе го замени Чави

28.02.2024 13:37

Се очекува одлука за нов тренер до април...

Раководството на Барселона продолжува да бара кој ќе го замени Чави како главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24. Се очекува одлука за нов тренер до април.

Во потесниот круг на тимот моментално е Италијанецот Роберто Де Зерби, сега на чело на Брајтон, како и тројца германски тренери - Ханс-Дитер Флик, Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.

Барселона по 26 кола во шпанското првенство е на третото место во поредокот со 57 бодови.