мвр
Приведен крадец во Куманово, следува пријава
28.02.2024 13:39
Тој се сомничи дека на 26.02.2024 од продажен објект на улицата „Доне Божинов“ одзел повеќе предмети...

Вчера во 11.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(42) од Куманово. Тој се сомничи дека на 26.02.2024 од продажен објект на улицата „Доне Божинов“ одзел повеќе предмети.
М.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
