Анализа

Јазот меѓу платите се продлабочува, вработените во конфекциите со најмали плати

28.02.2024 17:04

Платите на функционерите стигнаа денеска во Собранието. Пратениците едногласно се согласија, измените да се спроведат по скратена постапка. Ќе одлучуваат на собраниски Комисии, каде со шест закони ќе се замрзне зголемувањето на платите, согласно со животниот стандард. Синдикатот бара да ги намалат за 78 проценти. Колкава е разликата во платите на функционерите и оние на докторите и професорите?

Со плати поголеми за 22 проценти и усогласување за јануарската ќе се скрасат 3.000 универзитетските професори, асистенти, административци и технички лица, потврдија од ресорното министерството. За сега нема поместувања во однос на оние кои протестираа изминатиот период, а власта работи на измена на шест закони за да го запре зголемувањето на платите на 1.050 именувани и избрани функционери, кои со одлука на Уставен суд во март минатата година добија 78 проценти зголемување на платите, како резултат на одмрзнувањето на 6,5 проценти за 12 години, кога функционерските плати беа замрзнати.

Последните податоци од Државниот завод за статистика, за оваа група занимања во која, освен пратениците и министрите, спаѓаат околу 600 судии, 300 обвинители, 80 градоначалници и други лица е за 2018-та година според кои вкупната просечна бруто-плата изнесувала близу 800.000 денари само за членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници и дипломатите. Во Управата за јавни приходи немаат анализи по занимања, туку само кој биле даночниците кои зеле најголеми примања.

МТВ консултираше некои последни анализи од релевантни истражувања од 2022-та година, според кои се гледа трендот на продлабочување на јазот меѓу платите на вработените од различни области. Така, универзитетските професори зеле нето-плата од 26.400 до 54.944 денари. Нето плата на менаџер на медицинска установа се движел од 21.096 до 101.941 денар, директор на училиште од 18.269 до 74.380 денари, извршен директор од 23.850 до 171.682 денари. Најслабо платени биле вработените од конфекциската индустрија, каде платите се движеле од 13.000 до близу 34.000.

Додека се крчкаат најавуваните измени на шест закони во земјата, статистиките покажуваат дека трендот од 2022-та година се одржува. Согласно последниот извештај на Државниот завод за статистика зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е забележано освен во секторите на јавна управа и одбрана, кај оние од снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 27.1% во градежништво 21.8%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво 9.7%, уметност, забава и рекреација 9.0% и рударство и вадење на камен 8.6%. Иако, од декември 2017-та до декември 2024-та година месечната просечна плата се зголемила за 67 проценти, трошоците на живот поскапеле за 75 проценти, а земјава со 649 евра просечна плата се најде на дното во друштвото на поранешните ЈУ републики.

 

Фиљана Кока