ГРЦИЈА
Илјадници демонстранти на улиците во Атина на годишнина од смртоносната железничка несреќа
28.02.2024 19:37
Пред Парламентот дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите...

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Атина за одбележување на првата годишнина од смртоносната железничка несреќа, кога загинаа 57 луѓе во судир на два воза на релација Атина -Солун. Пред Парламентот дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите.
Земјата ја зафатија и серија штрајкови. Во прекин се речиси сите транспортни услуги. Не сообраќаат возовите, траектите и јавниот превоз.
