РУСИЈА
Навални ќе биде погребан в петок во Москва
28.02.2024 20:14
Вдовицата на опозиционерот, Јулија Навални, пред Европскиот парламент во Стразбур изјави дека стравува оти погребот нема да се одржи мирно...

Рускиот опизициски лидер Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва, потврди неговата портпаролка. Вдовицата на опозиционерот, Јулија Навални, пред Европскиот парламент во Стразбур изјави дека стравува оти погребот нема да се одржи мирно.
Досега се објавени малку детали за смртта на Навални, чие тело беше предадено дури по осум дена. Рускиот опозиционер почина на 16-ти февруари во казнена колонија на Арктикот додека отслужуваше 19-годишна затворска казна, поради обвиненијата за екстремизам.
