Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

29.02.2024 08:06

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.