Уште еден празник за очи!
Третиот мундијалски ден го носи 25-тото европско ривалство, Англија-Италија. Победат ли англичаните ќе се изедначат со италијанците во триуфи, бројка која сега е на страната на ”Азурите“, 9-8. Овој натпревар е во рамките од групата Д, со кој практично по наше време го отворме новит ден. Точно на полноќ на арената Амазонија, која според многумина не личи и не го ”заслужува местото“ на настанот. Од оваа група ќе ги гледаме и Уругвај-Костарика. Овие две селекции во 8-те досегашни дуели, шест одат со позитива за Уругвај, две завршуваат реми.

Третиот мундијалски ден го носи 25-тото европско ривалство, Англија-Италија. Победат ли англичаните ќе се изедначат со италијанците во триуфи, бројка која сега е на страната на ”Азурите“, 9-8. Овој натпревар е во рамките од групата Д, со кој практично по наше време го отворме новит ден. Точно на полноќ на арената Амазонија, која според многумина не личи и не го ”заслужува местото“ на настанот. Од оваа група ќе ги гледаме и Уругвај-Костарика. Овие две селекции во 8-те досегашни дуели, шест одат со позитива за Уругвај, две завршуваат реми. Последен пат пак на светските Уругвај има победа пред 12 години на СП во Ј.Кореја и Јапонија. Преку Кина Уругвај го бележи последниот среќен мудијалски момент. Костарика го бележи 4-тото учество на светско, со најголем успех влез меѓу 16-те во 1990-тата. Во 21 часот на арената Кастелао ќе го имаат овие две селекции воведното представување во Бразил.
Денов инаку во 18 часот го отвораат Колумбија и Грција како дел од групата Ц. Овие две селекции ге го забележат својот втор меќусебен дуел. Колумбија ја имаше победата во првото нивно соочување. Колумбија по 16 години повторно е дел од планетарниот фудбалски крем. Грците го држат континуитетот, беа дел од мундијалот пред 4 години во Јужна Африка каде настапот го завршија само со една победа. Ќе истрчаат овие две селекции на арената Минерао Бело Хоризонте.
Вториот дуел од Ц групата”од денешната програма“ ќе го гледаме во новит за нас ден во три часот по полноќ, а ќе го одиграат Брегот на Слоновата Коска и Јапонија. На СП се немаат досега сретнато, но имаат одиграно, со предност која е на странат на земјата која го ”буди сонцето”, на двапати славеле, на сметка на едниот доживеан пораз. Ќе одиграат овие две селекции на стадионот Пернамбуко.
Од сите четири натпревари ексклузивно задоволство нуди МТВ еден, во чиа мундијалска програма се вклучени и сеопфатни анализи, најави и се што значи пропратен сегмент на 20-тото мундијалско глобално фудбалско случување почнувајќи од 16 часот.
