мвр

249 санкционирани возачи во Скопје, 71 за брзо возење

29.02.2024 08:13

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.