Македонија
Бочварски во посета на Општина Струмица
29.02.2024 08:32
Предвидено е Бочварски во Домот на Културата во Струмица да оствари средба со транспортери и превозници од регионот...

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе оствари работна посета на Општина Струмица, во рамки на која заедно со градоначалникот на општината Костадин Костадинов ќе извршат увид во реконструкцијата на улица „Братство и Единство“ и во изградбата на комунален систем во населеното место Градско Балдовци.
Како што најавија од Министерството за транспорт и врски, предвидено е Бочварски во Домот на Културата во Струмица да оствари средба со транспортери и превозници од регионот.
