Израел

САД : Привремен прекин на огнот во Газа ќе ги реши предизвиците со хуманитарната помош

29.02.2024 09:13

Египет изрази надеж дека во наредните денови ќе биде постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Египет изрази надеж дека во наредните денови ќе биде постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците. Истовремено Меѓународната заедница алармира за екстремните хуманитарни услови и гладта во енклавата. САД, велат привремен прекин на огнот во Газа ќе ги реши предизвиците со хуманитарна помош. Ја разгледуваат можноста за испраќање помош со воени авиони.

„Продолжуваме да веруваме дека е можен договор. Постигнавме значителен напредок. Договорот би решил многу прашања во врска со распределбата на хуманитарната помош. ОН не можат да доставуваат храна и друга помош на начин како што би сакале поради безбедносната ситуација“, изјави Метју Милер - портпарол на американскиот Стејт департмент.

Семејствата на заложниците и поддржувачите, почнаа четиридневен марш од јужен Израел до Ерусалим за да побараат ослободување на нивните најблиски.