Русија
Навални ќе биде јавно погребан во Москва
29.02.2024 09:17
Погребот на рускиот критичар на Путин, Алексеј Навални ќе се одржи утре во Москва-соопшти неговата портпаролка...

Погребот на рускиот критичар на Путин, Алексеј Навални ќе се одржи утре во Москва-соопшти неговата портпаролка, Кира Јармиш. Ќе биде јавно погребан на гробиштата „Борисов“. Телото на 47-годишниот опозиционер беше предадено на неговата мајка, 12 дена по неговата смрт на 16-ти февруари, со ултиматум за таен погреб.
Кремљ ги отфрли наводите за ултиматум нарекувајќи ги апсурд, како и вмешаноста во неговата смрт за која приврзаниците на Навални го обвинија Путин.
