САД

Бајден и Трамп во посета на границата на Tексас

29.02.2024 09:22

Бајден и Трамп во посета на американско-мексиканската граница во Тексас во пресрет на изборите...

Двајцата претенденти за претседателската трка на САД, Бајден и Трамп во посета на американско-мексиканската граница во Тексас во пресрет на изборите. На агендата-миграциското прашање и безбедноста. Бајден во Браунсвил, Трамп во Игл Пас.

Горливото прашање за зголемениот наплив мигранти на границата со Тексас со месеци е во фокусот на републиканците во американскиот конгрес, наспроти предлог-законот на демократите за помошта на Украина, Израел и Тајван.

Бајден беше остро критикуван од властите во тексас кои сами мораа да се заштитат од миграцискиот бран.