Тексас
Незапаметен пожар го пустоши Тексас
29.02.2024 09:25
Властите ги продолжуваат битките со огнената стихија, вклучително и пожар кој прерасна во еден од најголемите запаметени во историјата...

Најмалку една жртва во шумските пожари во Тексас. Властите ги продолжуваат битките со огнената стихија, вклучително и пожар кој прерасна во еден од најголемите запаметени во историјата.
Пламените јазици се движеа со алармантна брзина и го поцрнија пејзажот низ огромен дел мали градови и фарми за добиток.
Штетите се големи, но допрва ќе се проценуваат-велат властите. Огнот зафати и делови од соседната Оклахома.
