Седница на Комисијата за образование, наука и спорт
Членовите ќе дискутираат по една единствена точка – Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка...

Во Собранието денеска ќе одржи седница на Комисијата за образование, наука и спорт, на која членовите ќе дискутираат по една единствена точка – Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка.
Според образложението објавено на собраниската веб-страна, Предлог законот за изменување на Законот има за цел обезбедување на субвенции за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.
