„Фридом хаус“

„Фридом хаус“: Македонија е сè уште во групата делумно слободни земји

29.02.2024 09:47

Македонија е сè уште во групата делумно слободни земји, покажува годишниот извештај на „Фридом хаус“. На рангирањето до 100 има 67 поени.

Македонија е сè уште во групата делумно слободни земји, покажува годишниот извештај на „Фридом хаус“. На рангирањето до 100 има 67 поени. Како најголем проблем за нас е наведена корупцијата, како и заканите кон новинарите и активистите.

Глобалните слободи и во текот на минатата година продолжиле да се уназадуваат, а од регионов, најголем пад бележат Србија и Босна и Херцеговина. Изборните манипулации, војните и нападите врз плурализмот се клучни двигатели на глобалниот пад, наведува „Фридом хаус“.

38 проценти од луѓето во светот живеат во земји оценети како неслободни, 42 насто во делумно слободни и само 20 насто од луѓето живеат во слободни земји.