МВР
Приведени дрвокрадци во тетовско, следува соодветна пријава
29.02.2024 11:15
На 28.02.2024 во 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Р.(60) и З.И.(58), двајцата од тетовска Шипковица...

На 28.02.2024 во 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Р.(60) и З.И.(58), двајцата од тетовска Шипковица. Тие биле затекнати во месноста „Студена река“, атар на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла.
Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла.
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.