Фудбалска треска и во Куманово!

14.06.2014 16:22

Специјални видео - бимови, наредени маси и столови за гостите, но и мундијалско мени нудат угостителите за првенството...

Фудбалската треска го стресе и Куманово. Страсните навивачи ги преполнија кафулињата и рестораните будно гледајќи во видео бимовите и бодрејќи го својот тим. Секој од нив си има свој фаворит за кого ќе ги стега палците до крајот на првенството.

„Навивам за Шпанија, сметам дека се најдобар тим и сакам да победат... Најдобро е да се гледа во друштво, атмосферата е пожешка... Воедно и типуваме, кој ќе го добие тикетот тој  плаќа пијачки“, велат кумановци.

Меѓу навивачите, се приклучија и голем број од припадничките на понежниот пол.

„Не можам да се одлучам за кого ќе навивам, имам тројца фаворити, а тоа се Шпанија, Аргентина и Португлија. Би била среќна еден од овие тимови да стане првак“, вели една кумановска.

Специјални видео - бимови, наредени маси и столови за гостите, но и мундијалско мени нудат угостителите за првенството.

„Имаме специјална "фудбалска даска" и четири кригли пиво по екстра цена, подготвена за нашите гости кои ќе ги следат натпреварите кај нас“, вели Влатко Ангелевски.

Голем број кафулиња имаат и тикет на денот за тековниот натправар. За оние кои ќе го погодат резултат на натпреварот следуваат интересни награди.

 

Габриела Димковиќ