Ванковска и Јакимовски се приближуваат до 10 илјади потписи за претседателска кандидатура
Откако Османи, Таравари и Димитриевски ги собраа потребните 10 илјади потписи за претседателски кандидатури, уште двајца од претендентите им дишат во врат.

Откако Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски ги собраа потребните 10 илјади потписи за претседателски кандидатури, уште двајца од претендентите им дишат во врат.
Многу е веројатно, кандидатката на Левица, професорката Билјана Ванковска денеска да успее да ги собере потписите зашто според последниот пресек на ДИК, направен заклучно со вчерашниот ден, и недостигаат помалку од илјада. Расте бројот на потписи и за кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Зад неговото име, заклучно со вчера, веќе има 8 илјади потписи, па за очекување е деновиве и тој да ја помине целта. Веќе викендов треба да бидат потврдени кандидатурите на Силјановска – Давкова и на Стево Пендаровски, кој доби поддршка и од извршниот одбор на СДСМ.