Мундијалот ги наполни штипските угостителски објекти
Светското првенство во фудбал ги наполни штипските угостителски објекти. Угостителите подготвуваат мундијалски менија, гостите уживаат во групните следења на натпреварите...

Бразилската треска го стресе и Штип. Најважната споредна работа на светот ги обедини генерациите и половите, па на прашањето дали го следите мундијалот, сите анкетирани беа едногласни.
„Да, да, секако“ , беа најчестите одговори на штипјани.
Намести ресторанска, во угостителските објекти има фудбалска атмосфера:
„Многу е подобро вака , гледаме во друштво и навиваме. Има и конфликти, тој навива за Португалија, јас за Шопанија“ изјавија гостите во угостителските објекти.
Навивачката публика, угостителите ја дочекаа подготвено.
„Поставувме телевизори во сите делови од рестоанот. За Мундијалот набавивме дополнителни ТВ приемници “, изјави Томе Донев, угостителски работник.
„За време на Мундијалот е навистина многу гужва, има многу гости“, тврди Бобан Коцев , угостителски работник.
Мундијалот во Бразил ги спои генерациите и за негово следење , во угостителские објекти има се повеќе госпоѓи дојдени да го следат светското првенство.
„Многу го сакам фудбало, на времето гледав со брат ми. Ме понесува еуфоријата па викам зедно со зет ми кога некој ќе даде гол. Тој вика, јас помагам... Па кај нас фудбал се гледа многу. Снаа ми е од Хрватска и многу сакав Хрватите да победат, сега натаму ќе видиме кој ќе биде најдобар“, изјавија госпоѓите кои ги затекнавме во угостителските објекти.
Иако се уште е рано да се прогнозира победникот, штипјани имаат свои фаворити.
„Мислам дека, најголем фаворит е Бразил. Јас сум за Шпанија. Јас за Хрватска“, е изборот на анкетираните штипјани.
Мундијалот донесе навивачка атмосфера во Штип. Вака ќе биде и во наредните 30-тина денови, на задоволство на фудбалските фанови, обложувалните и угостителите.
Оливера Жежова
