Македонија

Велковски: Во градинките не треба да се примаат невакцинирани деца

29.02.2024 12:23

Првиот човек на министерството за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски на средба со директорките на објектите за згрижување деца.

Расте бројот на заразени со голема кашлица. Во Скопје е прогласена епидемија. Во градинките не треба да се примаат невакцинирани деца, но, дали ова се почитува. Првиот човек на министерството за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски на средба со директорките на објектите за згрижување деца.

„Контроли се прават. Инспекторите во Скопје се постојано на терен. Досега не се изречени мерки, односно во градинките не се примени дечиња без вакцинален картон“, нагласи техничкиот министер Велковски.

Од градинките велат дека по направените проверки, има деца кои не се ревакцинирани со ди-те-пер, но родителите се совесни и додека не ги ревакцинираат, не ги носат во градинка.